Информатор за начинот на ракувањето со податоците

Министерството за Надворешна Економија и Надворешни Работи (во натамошниот текст: Министерство) при оперативната поддршка на веб страницата Унгарска културна сезона www.magyarevad.hu (во натамошниот текст: Веб-страница) ракува со податоците на посетителите на Веб-страницата (во натамошниот текст, заеднички: Засегнати).
Во врска со ракувањето со податоците, Министерството на овој начин ги информира Засегнатите за начинот на кој ракува со личните податоци, за принципите и практиките кон кои се придржува при ракувањето со личните податоци, како и за начинот и можностите за остварување на правата на Засегнатите.
Засегнатите со користењето на Веб-страницата, го прифаќаат она што е опфатено во Информаторот за Начинот на Ракувањето со Податоците, и се согласува со подолу утврдениот начин на ракувањето со податоците. Општите информации на Министерството за заштитата на податоците, можат да се видат на следната веб адреса http://www.kormany.hu/download/6/5c/61000/adatkezel%C3%A9si%20t%C3%A1j%C3%A9koztat%C3%B3.pdf#!DocumentBrowse

ЦЕЛТА НА ракувањето со ПОДАТОЦИТЕ

Податоците кои Засегнатите ги ставаат на располагање на Министерството, истото ги зачувува и ракува со нив, во интерес на одржувањето на контактот и овозможувањето на ефикасен проток на информации и информирање.
Целта на податоците кои автоматски се зачувуваат е изготвување на статистики и технички развој на информативниот систем.
Дадените лични податоци, Министерството не ги користи, односно не може да ги користи за цели различни, од горе утврдените. Издавањето на личните податоци на трети лица или на органите – во отсуство на законски одредби, кои ова поинаку би го регулирале – може да се случи, само со претходно изразена согласност на Засегнатите.
Во секои таков случај, кога податоци ставени на располагање на Министерството, истото посака да ги искористи за цели кои отстапуваат од целите поради кои се случи нивното првично зачувување, за ова ги информира Засегнатите и за истото ќе обезбеди нивна претходно изразена согласност, односно им обезбедува можност за забрана на таквото искористување.

ПРАВНАТА ОСНОВА НА ракувањето со ПОДАТОЦИТЕ

Ракувањето со податоците се случува врз основа на соодветна информираност базирана, доброволна согласност на корисникот на Веб-страницата, која подразбира изразена согласност на Засегнатиот, за искористување на неговите лични податоци, споделени во текот на користењето на Веб-страницата.
Ракувањето со податоците од страна на Министерството, се случува врз база на доброволна согласност на Засегнатите, согласно член 5, точка (1), алинеја (б) од Законот CXII од 2011 година, за правото на информационо самоопределување и слободата на информации (во натамошниот текст: Инфо. Закон)
Министерството не ја проверува автентичноста на личните податоци кои му се дадени.

Назив на лицето кој ракува со податоците

Податоците на лицето кој ракува со податоците и неговите контакти

Министерството за Надворешна Економија и Надворешни Работи

(Külgazdasági és Külügyminisztérium)

Седиште: 1027 Budapest, Bem rakpart 47.
Поштенска адреса: 1027 Budapest, Bem rakpart 47.
Телефонски број: +36-1-458-1000
Телефакс: +36-1-212-5918

Офицер за заштита на податоци

Име: Др. Молнар-Фридрих Силвија (dr. Molnár- Friedrich Szilvia)
Телефонски број: +36-1-458-1597
E-mail: kozadat@mfa.gov.hu

Бришењето на дадените лични податоци може да се случи било кога, врз основа на  испратено барање за бришењето. По приемот на барањето, Министерството ги брише личните податоци од својот систем, во рок од 5 работни дена.

Временскиот период на ракувањето со податоците

Со исклучок на датумот на последната посета, кој автоматски го испишува најгоре – податоците придружени со датуми (логовите), системот ги чува најмногу 12 месеци, сметано од датумот придружен кон податокот.
Горните одредби не се однесуваат на исполнувањето на обврските за чување, одредени во правните прописи (на пр.: во правните прописи за сметководство), како и на ракувањето со податоци кои се случуваат врз база на дополнителни согласности дадени на друг начин.

Опфатот на ракуваните лични податоци

технички податоци

Тоа се оние податоци на компјутерот на најавениот Засегнат, кои се генерираат при користењето на услугата и кои како автоматски резултат на техничките процеси, системот на Министерството, ги зачувува. Овие се особено, датумот и времето на посетите, IP адресата на компјутерот на Засегнатиот, типот на неговиот пребарувач, како и адресата на прегледаните и претходно посетените веб страници.
Автоматски зачуваните податоци системот, без посебна изјава или постапка на Засегнатиот, при влегувањето, односно при напуштањето, автоматски ги придружува со датум и време. Овие податоци не можат да бидат споени со другите лични податоци на корисникот – со исклучок на случаите во кои законот тоа задолжително го бара. Пристап кон податоците има исклучиво Министерството.
Html кодот на Веб-страницата на може да содржи референци/повикувања кои доаѓаат од и покажуваат кон надворешни, од Министерството независни сервери. Давателите на услугите на овие референци/повикувања, поради непосредното конектирање на нивните сервери, имаат можност за прибирање на податоци за корисникот.

Колачиња (COOKIEs)

Министерството, односно одредените даватели на услуги, во интерес на давање “по мерка скроени” услуги, на компјутерот на Засегнатиот поставуваат и потоа отчитуваат мали пакети, така наречени колачиња (cookies). Ако пребарувачот врати од порано зачувано колаче (cookie), давателот на услугите кој ракува со колачињата (cookies) може да ги поврзе податоците зачувани при актуелната посета на Засегнатиот со оние од претходно, но исклучиво во поглед на сопствените содржини.
Министерството ги употребува следниве колачиња (cookies):
Преодно колаче (session cookie): Преодните колачиња (session cookies) по посетата на Засегнатите автоматски се бришат. Овие колачиња (cookies) служат за поефикасно и побезбедно работење на Веб-страницата на Министерството, всушност се неизоставни за да поедини функции на Веб-страницата можат соодветно да функционираат.
Трајно колаче (persistent cookie): Министерството употребува и трајни колачиња (persistent cookies) во интерес на подоброто искуство/доживување на корисникот (на пр.: понудата на оптимизираната навигација). Овие колачиња (cookies) остануваат подолго зачувани во датотеката за колачиња (cookie file) на пребарувачот. Времетраењето на ова зависи од користените поставки во пребарувачот на Засегнатиот.
Безбедносно колаче (cookie).
Во најголемиот број на пребарувачите, во изборот на понуденото мени, постој опција „Помош”, која нуди информација за тоа, како Засегнатиот во својот пребарувач може    да ги забрани колачињата (cookies),
да прифати нови колачиња (cookies),
како може да му даде упатство на својот пребарувач за да постави ново колаче (cookie) или како да исклучи други колачиња (cookies).
Надворешни сервери и помагаат на Веб-страницата за независно мерење и ревизија (Google Analytics) на податоците поврзани со посетеноста и други веб аналитики. За ракувањето со податоците кои се мерат, Засегнатиот може да добие повеќе информации од лицата кои ракуваат со податоците.
До нив може да се дојде преку: www.google.com/analytics/
Ако Засегнатиот не би сакал Google Analytics горните податоци да ги мери на начин и со цел опишани погоре, во својот пребарувач треба да инсталира додаток кој истото го спречува.

Кругот на лицата кои се во контакт со податоците, проследување на податоците, обработка на податоците

Овластени за упатеност во податоците се, пред се вработените на Министерството кои се тангирани во својот делокруг на работата, но тие истите не ги објавуваат и не ги даваат на трети лица.

До проследување на личните податоци кои се однесуваат на Засегнатиот може да дојде, исклучиво во случај, кој со закон е одреден како задолжителен, односно врз основа на согласност на Засегнатиот.

правата на засегнатиот и можностите за остварување на правата

Правата на Засегнатите

Засегнатиот во текот на ракувањето со податоците, согласно она што е дефинирано во Членовите 13-22. од  Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) , и таму утврдените ограничувања, има

  • право на информираност,
  • право на пристап,
  • право на корекција,
  • право на бришење,
  • право на ограничување на ракувањето со податоците,
  • право на преносливост (portability) на податоците,
  • право на жалба,
  • можност за автоматско донесување на одлуки, вклучувајќи го и креирањето на профил,
  • право на повлекување на дадената согласност.

Лицата кои ракуваат со податоците според Член 15, алинеја (4) од Инфо. Законот, без неоправдано каснење се должни, да во рок од 25 дена по приемот барањето од Засегнатиот, да го информираат за преземените мерки.

Можности за остварување на правата

Во случаи на повреда на правата на Засегнатиот, може да се обрати кон

  • Офицерот за заштита на податоците при Министерството, или
  • судот (Судот на Главниот град – Fővárosi Törvényszék, со адреса 1055 Budapest, Markó utca 27.), како и
  • да иницира постапка на органот за заштита на податоците (Национален Орган за Заштита на Податоци и Слобода на Информации – Nemzeti Adatvédelmi és Információszabadság Hatóság, со адреса 1125 Budapest, Szilágyi Erzsébet fasor 22/С, ugyfelszolgalat@naih.hu)

Безбедност на податоците

Министерството се обврзува да се грижи за безбедноста на податоците, како и дека ги презема оние технички мерки, кои обезбедуваат да преземените, зачуваните, односно ракуваните податоци бидат заштитени, односно презема се, во интерес на спречување на нивното поништување, неовластено искористување и неовластено променување.

Се обврзува и на тоа, да на секое трето лице, кому евентуално ги проследува или предаде податоците, му обрне внимание за исполнување на таквите обврски.

Останати одредби

Министерството го задржува правото за еднострано модификување на овој Информатор за начинот на ракувањето со податоците, со претходно информирање на Засегнатите. По стапувањето на сила на модификациите, Засегнатиот со користењето на Веб-страницата,  со однесување на начин на кој таа упатува, ги прифаќа модификациите содржани во  Информаторот за начинот на ракувањето со податоците.

Start typing and press Enter to search